еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Поранешен шкотски премиер почина на конференција во Охрид

На конференција во Охрид денеска ненадејно почина Алекс Алмонд (70), поранешен премиер на Шкотска..

Тој беше еден од учесниците на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

Како што пренесуваат медиумите тој починал околу 15.30 часот во хотелот „Инекс Горица“, а своето излагање го имал вчера.

Неофицијално, причината за смртта е срцев удар.

Алмонд освен политичар беше и економист и телевизиски водител, а беше премиер од 2007 до 2014 година.

Беше лидер на Шкотската национална партија (СНП), во два наврати, од 1990 до 2000 година и од 2004 до 2014 година, а беше и заменик лидер на партијата од 1987 до 1990 година.

Салмонд беше домаќин на шоуто Алекс Салмонд (2017–2022 година) на RT UK, а потоа го водеше шоуто „Scotland Speaks with Salmond“ (2023–2024 година).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немам проблем со посетата на рускиот митрополит Антониј додека е во рамки на црковната дипломатија, вели Пендаровски

Редакција

(Видео) Нова песна од Калиопи – „Кад осване“

Редакција

Каков имот пријавил Блерим Река, кандидатот за претседател на Алијансата за Албанците и Беса

Редакција