еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

СДСМ сака да биде ВМРО-ДПМНЕ: Гради гасовод на Водно на празник, уништува зеленило навечер

Два актуелни примери од бројните изминативе месеци, конкретно покажуваат дека моменталната власт по речиси ништо не се разликува од претходната кога е во прашање зачувањето на животната средина, интересот, потребите, барањата и ветувањата на граѓаните во тој дел.

Прво во ист стил како што на времето сечеше дрвја по Скопје власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, актуелната предводена од СДСМ исто така навечер уништува зеленило во скопската населба Аеродром.

Таму изградбата на високатница моментално е стопирана, но никој нема дилема дека истата еден ден ќе никне, од проста причина што некој го купил земјиштето и добил дозвола од властите таму да гради.

Прашање од милион долари е зошто актуелните функционери во оваа Општина претходно ги манипулираа граѓаните дека тоа нема да се случи и како резултат на тие неисполнети ветувања дојдоа на власт.

Ништо поразличен не и примерот со Водно каде моментално се гради трасата за гасоводот до Тетово и Гостивар.

На празник (11 Октомври), што е нели прво и основно незаконски, таму продолжија градежните активности во фаза кога се преговара со активисти за зачување на животната средина, кои сакаат овој проект да биде што е можно побезболен за Водно.

Зошто власта глуми дека го слуша гласот на активистите? Демек е подобра од претходната.Не е.

Колку е иста како и претходната уште еднаш ќе видат Скопјани за многу брзо. Доаѓа сезона на загаден воздух. Лани оџачарите не ги спасија од високото ниво на ПМ честичките.

Кое „одлично“ решение ќе биде понудено за спас од градските власти сезонава останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градењето на гасоводот на Водно продолжи на државен празник

Ако може да се смени името на државата, може и ДУП-от за Аеродром

На 15 дена стопирана изградбата на деветкатницата во скопски Аеродром

Фото: Фејсбук/Го сакам Водно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за организаторите на „27 април“ одложено за 26 февруари: Обвинетите бараат увид во доказите

Редакција

Новороденче родено позитивно на Ковид-19 на Клиниката за гинекологија

Редакција

ДУИ за насилничкото однесување на нивниот пратеник Адеми ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците

Редакција