еМагазин
Image default
Македонија

Случај „Траекторија“: Какви СМС пораки му прајќал Јанакиески на Божиновски

По паузата попладнево во Кривичниот суд продолжи рочиштето за „Траекторија“ со читање на 156 СМС пораките меѓу Миле Јанакиески и тогашниот државен секретар во Министерство за транспорт и врски Елена Кузмановска.

Пораките почнуваат од 25 април 2012 година кога Кузмановска го информира Јанакиески дека кинезите нудат бесплатен престој и пат во Кина за двајца.

Во една од пораките меѓу Јанакиески и Кузмановска се прецизира дека договорената цена на делницата Миладиновци – Штип е 255 милиони американски долари, а потоа се прецизира дека ќе се исплатат 170 милиони евра со предвиден профит за изведувачот.

По читањето на пораките меѓу Јанакиески и Кузмановска, во Судот беа пуштени и 29 СМС пораки меѓу Јанакиески и Кирил Божиновски. Тие се допишувале во периодот од 5 февруари до 20 март 2013 година.

Во пораките до Божиновски е наведено дека заменик директор на кинеската компанија „Синохидро“ ќе доаѓа во Скопје и се бара од министерот да даде согланост за состанок.

Овде рочиштето за „Траекторија“ беше прекинато, а ново е закажано за 26 октомври.

Претпладнето во Судот беа прочитани вкупно 103 пораки што биле разменети меѓу Јанакиески и Ставрески во периодот од 16 мај 2012 до 3 април 2013 година.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО тие ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во судница се читаа 103 СМС пораки меѓу Јанакиески и Ставрески за „Траекторија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По крвавиот настан во Гостивар, сопружниците во стабилна состојба, жената имала повеќе од 20 убодни рани

Редакција

Како граѓаните да закажат тестирање за корона вирусот кај матичен лекар

Редакција

Четири лица приведени под сомнение дека го предизвикале пожарот во Велешко

Редакција