еМагазин
Image default
Македонија

Богоевски: Се’ уште не знаеме дали ги имаме потребните 80 гласа и нема да знаеме до гласањето

Пратеникот Павле Богоевски се огласи на неговиот фејсбук-профил по повод почнувањето на пленарната седница за предлогот на Владата за пристапување кон измена на Уставот.

„Оваа седница може да трае најмногу десет работни дена. Се’ уште не знаеме дали ги имаме потребните 80 гласа за да ја обезбедиме евроатланската иднина на нашата држава. Прогнозите се менуваат буквално на секој час и факт е дека нема да знаеме до самото гласање. Во овој мандат на Собранието, а и долго пред тоа, немало позначајна точка за расправа. Од една страна, нам ни е на дофат сето тоа кон кое, барем декларативно, толку долго се стремевме.

Од друга страна, постои реална можност дека нашата држава не само што нема да напредува, туку ќе биде и санкционирана поради постапките на опозицијата. Доста беше, иднината на сите нас да биде држена во заложништво од грст криминалци кои сакаат да се спасат од затвор. Јас верувам дека во редовите на опозицијата има пратеници и пратенички кои ќе одговорат на овој историски повик. Кои ќе ги напуштат партиските стеги и ќе ни се придружат кон иднината. Ако не во овој, тогаш во следниот пратенички состав“, напиша Богоевски на неговиот фејсбук-профил.

фото: Фејсбук-профил на Павле Богоевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитерџиите гневни на предлогот на Заев за помирување: Онаа багра не влезе во куќата на Заев, туку во моето Собрание

Заев повика на помирување за 27 април и ги повика пратениците да гласаат за уставните измени

И пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на седницата за уставните измени во Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советникот на ДУИ, Усеини и брат му понудиле по 10 илјади евра за да излезат од притвор

Редакција

Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во 4 фаза: Проценка за понатамошно ширење на Ковид-19

Редакција

Свадбата во Чаир нов кластер, 14 заразени со корона вирусот: Ем не почитуваат мерки, ем не соработуваат со епидемиолози

Редакција