еМагазин
Image default
Македонија

Ганка Цветанова ја повика Канческа Милевска јавно да се изнесе дали ќе гласа за уставните измени

Поранешната министерка за култура, Ганка Цветанова преку својот Твитер профил јавно ја повика поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска јавно да се изнесе дали ќе гласа за уставните измени

„Ја повикувам поранешната министерка за култура и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска јавно и недвосмислено да се произнесе дали ќе гласа за уставните измени! Барем толку и’ должи на македонската култура која ја застапуваше во изминативе 11 години!“, напиша таа на Твитер.

Канческа-Милевска вчера на расправата за уставните измени во Собранието рече дека има непочитување на претседателот, законските одредби од Уставот и Деловникот на Собранието при склучувањето на договорот со Грција.

„Ако се одеше според закон и ние како пратеници ќе знаевме што содржи договорот. Вие ја ограничивте и можноста да дебатираме преку ставањето на договорот на Комисијата за европски прашања. Тоа доведе сега пратениците да треба да одлучуваат, а и самиот референдум докажа дека е погрешно воден процесот“, рече Каческа Милевска, нагласувајќи дека факт e оти референдумот бил неуспешен и колку да се обидуваме, додаде, не можеме да ги промениме бројките кои се фиксни и се знаат.

„Сите сме согласни за ЕУ и НАТО, но не можете да организирате референдум и да прифатите промена на Уставот без да обезбедите национален консензус“, рече Канческа-Милевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амнестија во живо

И пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов излегува од куќен притвор

Пратеникот Василевски не одговара дали ќе гласа за уставните измени, Аранудов немал размислувано

Ќе може да присуствува на седници: Укинат домашниот притвор на пратеникот Василевски

Фото: Фејсбук/Канческа-Милевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час не го почитувале 176 лица, приведени 79

Редакција

(Фото) Негаторски цитат за Македонците виси на ѕидот во културниот центар “Ванчо Михајлов“

Редакција

Вестите од Бугарија не се охрабрувачки, вели Османи

Редакција