еМагазин
Image default
Македонија

Куновска: Националните координатори и советници не просветлија нас глупите

Една од најпознатите македонски актерки и поранешна пратеничка од СДСМ, Софија Куновска на својот Фејсбук профил реагира на дообјаснувањето што следуваше од повеќе претставници на Владата по говорот на премиерот Зоран Заев во кој тој повика на помирување и простување.

Имено, поранешниот министер за култура во Владата на Заев, а сега негов советник, Роберт Алаѓозовски во обид да ги појасни нејаснотиите кои ги предизвика завчерашниот говор на премиерот во Собрание кога повика на простување за насилството во Собранието од 27. април на Фејсбук напиша:

„Амнестија е правен термин, а помирување, простување е етички. Едниот реферира на односот помеѓу поединците и институциите, а другиот на односите меѓу луѓето, групите, општествените заедници“.

На ваквото објаснување реагира Куновска:

„Ако до сега не се знаеше за што се платени национални координатори и советници во Влада на РМ, еве денес не просветлија нас глупите. Сега станува појасно. Го дообјаснуваат шефот и му ставаат дубаче ако притреба.

Но, што би прашал мојот ценет поранешен колега пратеник Благоја Стојановски, политичка цена се плаќа за етички постапки како помирување или простување или за амнестија?

Или пак не тестираат како за Република Илинденска Македонија?“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амнестија во живо

(ВИДЕО) Простување или амнестија: Кој го разбра Заев што сака да каже?

Фото: Фејсбук/Софија Куновска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снимките кои Милошоски ги достави до Русковска дадени на вештачење

Редакција

Вкупно импортирани 678 случаи на Ковид-19

Редакција

Прогласена епидемија на овчи сипаници во Крива Паланка и Ранковце

Редакција