Случајот со криминалот во Државна лотарија, за кој од Основното јавно обвинителство соопштија дека е вреден осум милиони евра, останува во фокусот на јавноста и медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали
За истиот се осомничени поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кој е во бегство, како и поранешниот директор на државното друштво, Периарим Бајрами, кој исто така е недостапен за органите на прогон.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во Лотарија се злоупотребени повеќе од осум милиони евра, но не откри повеќе детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со пари од Државна лотарија се купувале имоти во Македонија и странство, открива Тошковски
Министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, пак откри дека парите меѓудругото се трошеле за купување на имоти во Македонија и странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како бегалецот Груби стигнал до Тирана?
Засега нема официјални информации каде се Груби и Бајрами. Медиумите објавија дека Груби е најверојатно во близина на Драч, Албанија, во објект кој не е во негова сопственост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бизнисменот Папранику го однел Груби во Тирана?
Зарем е можно во ДУИ да не знаеле за криминалот на Груби, од кој сега се оградува партијата
Фото: Државна лотарија