еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Александар Камбовски, кој е избран за претседател на Судскиот совет

Нов претседател на Судскиот совет е апелацискиот судија од Битола, Александар Камбовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет

Тој беше избран вчера на седница на Судскиот совет, а доаѓа на местото на Весна Дамева, која лани на неколку дена пред завршување на нејзиниот мандат си поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева си поднесе оставка

За него гласаа 3 од вкупно 15 членови на Советот.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога лани станал член на Судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Александар Камбовски, кој е избран за нов претседател на Судскиот совет

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил деловна зграда во Битола, проценета на 15,3 милиони денари.

На име на сопругата пријавил стан проценет на 6,4 милиони денари од 80 метри квадратни, како и земјоделско земјиште во Раштани и Горно Оризари, од наследство.

На име на родителите пријавил куќа, дел од куќа (од наследство) и деловен простор во Битола.

На нивно име пријавил и земјоделско земјиште во Велушина и Породин, а дел од парцелите се од наследство.

На име на сопругата пријавил и возило Ланчиа.

Имал и кредит од 500 илјади денари, кој требало да го врати лани.

На име на сопругата пријавил кредит од 5,4 милиони денари, кој треба да се врати во 2033 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, која поднесе оставка

Која е Весна Дамева, претседателката на Судскиот совет, која поднесе оставка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патувањето во Грција со кола „ѓавол ипол“: Драстично поскапување на патарините

Редакција

Грција и Македонија почнаа да добиваат гас преку Турски тек

Редакција

Управата за храна и лекови на САД препорачува трета доза за лицата над 65 години и тие со висок ризик за тешки болести

Редакција