еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Има ли веќе нови кандидати кои ќе го „рентаат“ Македонско село

Менаџментот на Македонско село вчера преку Фејсбук најави дека комплексот од денеска ќе биде затворен.

„Ве информираме дека менаџментот на комплексот Македонско село донесе одлука за затворање на комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток). Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, информираа од таму.

Концесионер на „Македонско село“ беше поранешниот градоначалник на Општина Центар и сопственик на „Квинс хотел“ и „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ, кој според договорот требаше 20 години да стопанисува со селото и да плаќа кирија од 3.500 евра.

Веќе има заинтересирани нови концесионери?

Додека се уште е непознато кои се причините за ваквата одлука, дали економска неисплатливост или нешто друго, во бизнис круговите веќе се зборува за заинтересирани нови кандидати кои би го менаџирале овој комплекс за чија изградба поранешната Влада вложи 5,2 милиони евра.

Дополнителни 1,3 милни евра беа потрошени за внатрешно уредување, 24.000 евра чинеа трите електромобили набавени за пренесување на куферите на гостите во селото, 4.200 евра чинеа патоказите и ознаките за комплексот, а 2.700 евра чинеа клупите и корпите за отпадоци.

Владата не знаела за затворањето

Од Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) при Владата вчера информираа дека не биле запознаени со оваа одлука на менаџментот на комплексот, иако истите според договорот имаат обврска тоа да го направат шест месеци пред да се раскине истиот.

За денеска од СОЗР најавија средба со менаџментот на Македонско село, по што ќе биде појасно зошто истиот се затвора, дали ќе има плаќање пенали и што ќе следува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тодоровиќ за „Македонско село“ треба да плати 43.000 евра и да ја подмири киријата за следните шест месеци

Владата не била информирана за одлуката на менаџментот да го затвори „Македонско село“ и ги повика на состанок

Зошто ќе се затвори „Македонско село“: Економска неисплатливост или македонска работа

Се затвора комплексот „Македонско село“

Фото: Фејсбук/Македонско село

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Без маска, шал или марама веќе нема влез во банка

Редакција

Таравари изнесе низа пропусти во лекувањето на 14-месечното бебе кое почина на Детската клиника

Редакција

(Видео) Заев во „Еден на Еден“: Тринаесет години по ред славев Нова година со децата од „Бања Банско“

Редакција