Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за кога последниве денови во јавноста се шпекулира дека може да биде сменет, доби подршка и од еден од највлијателните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
“Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, барем дадоја појасна слика за тоа кој се залага да се испочитува вољата на народот од кој сме избрани, а на кого му се побитни заткулисните договори.
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак покажа дека му е побитна демократската доверба која гласачите им ја дале на пратениците, и вољата на членството и симпатизерите.
Со тој став ја заслужи мојата поддршката и како пратеник, и како член на ВМРО-ДПМНЕ од 1992 година. Консолидацијата и единството во ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на програмските определби, се потребни и полезни за демократијата во Република Македонија“, напиша Милошоски на Фејсбук.
Медиумите пред конгресот на партијата во Валандово, на кој за претседател беше избран Мицкоски, шпекулираа дека еден од незадоволните високи функционери на партијата од изборот е токму Милошоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли смени на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ: Кои се членовите на Централниот комитет
Трајко Вељаноски му даде подршка на Христијан Мицкоски
Ќе има ли смена на Христијан Мицкоски?
Ќе се распадне ли ВМРО-ДПМНЕ по исклучување на 7. пратеници кои гласаа „за“ промена на Уставот
Фото: Фејсбук/Милошоски