Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов информираше дека се вршат подготовки за транспорт на тешко повредените лица од пожарот во Кочани во врвни болници од оваа област во неколку европски држави.
Тој додаде дека во овој момент има доволно крв и нема потреба од дополнителни крводарителски акции.
Претходно и министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека понуда за помош пристигнала од голем број на држави.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 51 лице, а 152 се во болниците во Штип, Кочани и Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
152 повредени во пожарот, помош била понудена и од други држави, вели Таравари
18 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се во критична состојба
Телефонски броеви од болниците за информации за состојбата на пациентите
Фото: ЦУК