еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во ТИРЗ Штип почна со работа фабриката на „Магна Мехатроникс“

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Штип денеска почна со работа фабриката на канадската компанија „Магна Мехатроникс“, која произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е дел од „Магна Интернационал“.

Истата се протега на 18.000 метри квадратни, инвестицијата е 40 милиони евра, а се очекуваат 600 вработувања.

Ова е втора инвестиција на канадската компанија. Првата е во ТИРЗ Струга.

Градежните работи почнаа во мај 2023 година.

„Магна Интернационал“ се вбројува меѓу најреномираните светски компании, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти за светски производители на автомобили.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каматната стапка на депозитите во февруари 2,19%, на кредитите 5,18%

Редакција

За 2,7 милијарди евра Србија ќе купи 12 француски борбени авиони Рафал

Редакција

Американски КФЦ доаѓа во Македонија: Првите ресторани ќе ги отвори во Скопје и Тетово

Редакција