Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчерашните превирања во партијата се огласи на својот Фејсбук-профил.
„ВМРО-ДПМНЕ одржа историска седница на Централниот Комитет на партијата. ВМРО-ДПМНЕ има силен механизам изграден во рамки на партијата кој што секогаш успева да ја прочисти партијата.
Да го исчисти она што е лошо од партијата и јасно да го избистри доброто. Повторно да се врати на идеалите и корените на ВМРО, и да се погледне во очи со својот народ, со македонскиот народ“, напиша во првиот пост Мицкоски.
Во вториот пост тој го честиташе денешниот празник на македонските граѓани.
„Од секој предизвик, искушение, ВМРО-ДПМНЕ, наследник на идеалите и принципите на историското ВМРО излегувало посилно, похрабро и поодлучно. ВМРО постои за Македонија и за нејзиниот народ, кој кревал глава секогаш кога е најтешко, и кога мракот најсилно надвиснал над нашата земја. И секогаш новиот почеток значел нова надеж, нова искра.
Македонци, граѓани на Република Македонија нека е вековит 23 октомври, Денот на Македонската Револуционерна Борба“, напиша Мицкоски.
Фото:ВМРО-ДПМНЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков крај за бате Саше Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ се збогува со началникот
ВМРО-ДПМНЕ: Честитка за новата криминална коалиција на Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков
Твитер за превирањата во ВМРО-ДПМНЕ: „Следна за исклучување била струјата“
Минов: Ќе ја напуштам пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поради исклучувањето на Јанчев