Дел од родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, кои денеска маршираа за правда во Скопје, денеска беа примени на средба во Основното јавно обвинителство, кое вчера ги повика на средба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите не дадоа изјави по средбата, а за истата информираа од Обвинителството.
-Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан.
На семејствата им беше најавена и динамиката на претстојни распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес, информираа од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Тошковски прими дел од родителите на загинатите во пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев