Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето на Васил Јованов, кој на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.
Случајот ќе го води судијката Снежана Марковска.
Според обвинението на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, на 29. јануари 2025 година, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час, со кое удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло..
Кулакова почина на лице место.
За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години.
ОЈО Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, бидејќи му дозволувал на својот син да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на “сообраќајни деликти“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Kолоритност и убавина што ја зрачеше постојано“: Дизајнерите за Фросина Кулакова
„Нашите планови ги срушија за миг“: Емотивна објава на момчето на Фросина Кулакова