еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Девојче од Скопје дало 25.000 евра на двајца соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска (09.05.2025) во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.

Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малку ни се 25 министри, ќе имаме уште еден

Редакција

Обвинение за гостиварец кој усмртил пешак

Редакција

Водата во Охридското Езеро чиста и безбедна за капење и рекреација

Редакција