Ладнокрвното убиството на 25-годишниот турски државјанин, Е.О., во кафуле во Штип е во фокусот на јавноста и медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
25 години имал убиениот турски студент во Штип
Убиецот, К.К., кој има 21 година, е исто така турски државјанин. Тој избега по убиството, а неколку часа подоцна беше уапсен.
Уапсени се уште четворица турски државјани, на возраст од 22 до 29 години, кои по убиството му помогнале да побегне од Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Засега е нејасно дали сите овие лица се студенти или во Македонија престојувале по друга основа.
Телевизијата Телма објави дека убиецот во Македонија пристигнал еден ден пред убиството, и дека оваа му бил трет престој во државата.
Слободен печат пак објави дека тој имал статус на турист, а двајца од четворицата приведени имале регулиран студентски престој. Убиениот и другите двајца од приведените, пак, го немале продолжено студентскиот престој во земјава.
Телма повикувајќи се на извори од полицијата, објави дека убиениот имал неколку пријави за поседување наркотици.
Нејасно е и кои се мотивите за убиството. Според Телма тие се се движат од расправа за девојка и долг до нарачано убиство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачко видео) Уапсен напаѓачот кој уби турски студент во Штип
Фото: Унсплеш