еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Љубомир Фрчкоски, кој заработи кривична, не пријавил имот

Поранешниот шеф на Постојаната мисија на Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, кој неодамна заедно со уште три лица, беше осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, не пријавил имот и кога стапил на оваа функција и кога поднесе оставка од истата, што му е обврска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фрчкоски осомничен за злоупотреба на над 116.000 долари

-По извршените проверки во електронската евиденција на поднесени анкетни листови и изјави за имотна состојба и интереси на Државната комисија за спречување на корупцијата, Ве известуваме дека лицето Љубомир Фрчковски нема поднесено анкетен лист при назначување на функцијата амбасадор на Македонија при ООН во Њујорк, ниту изјава за имотна состојба и интереси при престанок на функцијата, кои согласно член 82 став 1 и став 3 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имало обврска да ги поднесе, велат од Државната комисија за спречување корупција за еМагазин.

Тој е осомничен за злоупотреба на 116 илјади долари.

Фрчкоски ги отфрла обвинувањата од кривичната која му ја поднесе Министерството за внатрешни работи и вели дека тоа е политички притисок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фрчкоски го оштетил буџетот шестцифрено во евра, тврди Муцунски

Фрчкоски поднесе оставка од функцијата амбасадор во ОН

Фото: ТВ 24

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети за заканата на Дардишта со војна: „Таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата“

Редакција

Какво време не очекува за првомајскиот празник

Редакција

Годишен раст од 4,3% на вкупните депозити и од 10,1% на вкупната кредитна поддршка

Редакција