Македонија следната недела во Лондон, Обединетото Кралство ќе склучи договор „влада со влада“ со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Засега не се познати условите под кои Македонија од Обединетото Кралство ќе добие 6 милијарди евра, а е познато дека партите ќе се инвестираат во инфраструктурата, здравството, железницата…
Од изјавите кои ги слушавме од надлежните изминатиов период, кога се најавуваше оваа стратешко партнерство, но не се откриваше името на земјата, може да се предвидат дел од проектите за кои ќе се трошат парите.
Се работи за модернизирање и реконструкција на Коридорот 10, на железничката пруга од Табановце до Гевгелија, изградба на Клиничката болница во Штип, изградба на зграда за Медицинскиот факултет, изградба на студентски дом, изградба на болница во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово…
Пари за овие проекти ќе се користат и од Планот за развој на Европската Унија.
Деновиве според најавите ќе се знае точно за што се ќе користат парите од Обединетото Кралство и под кои услови Македонија ќе ги добие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Македонија ќе добие шест милијарди евра за инвестиции од Обединетото Кралство
Македонија ќе склучи договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Фото: Унсплеш