За првпат во Македонија се регистрирани два случаи на мајмунска сипаници, информираа од Институтот за јавно здравје.
Засега нема повеќе информации за заразените со оваа вирусно заболување и за начинот како се заразиле.
Ним им се направени и испитување и за ХИВ, сифилис и херпес.
Во тек е епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Институтот на двете лица.
-Во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално се преземаат сите потребни мерки, велат од таму и најавуваат повеќе информации за денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се симптомите и како се пренесуваат мајмунски сипаници
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.