еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Виз ер“ најавува лет од Охрид до Базел од октомври

„Виз ер“ најавува нова рута од Охрид до Базел, Швајцарија, од октомври.

Билетите се веќе во продажба со почетна цена од 1.299 денари во еден правец (вклучувајќи ги сите задолжителни такси и една рачна торба).

Оваа нова рута ќе им овозможи на патниците лесен пристап до град познат по својата стратешка локација на крстопатот меѓу Швајцарија, Германија и Франција, нудејќи лесен пристап до повеќе европски дестинации, велат од таму.

-Уникатната позиција на Базел близу до границите на три земји го прави идеална почетна точка за истражување на културната, историската и економската разновидност на Европа.

Без разлика дали патувате за бизнис, одмор или културна авантура, патниците сега можат да уживаат во брз, директен лет до еден од најживописните и стратешки лоцирани градови во Европа, кој сега е подостапен од кога било со ниските цени и одличната услуга на „Виз ер“, велат од таму.

Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штрајкот продолжува, СОНК и МОН без договор за платите

Редакција

(Видео) Илјадници демостранти во Шри Ланка упаднаа во резиденцијата на претседателот, тој избега

Редакција

Јандреоски избран во Одборот на директори на Меѓународното здружение на раководители на аеродроми во светот

Редакција