еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Голем инцидент: Албански полицајци застрелаа Грк заради грчкото знаме

Албанската полиција го уби Константинос Кацифас (35) откако тој со калашников отворил оган кон албански полицајци кои сакале да го тргнат грчкото знаме поставено на воените гробишта кај селото Буларат, недалеку од границата со Грција, пренесоа албанските медиуми.

Инцидентот се случил во моментот кога жителите на Буларат, од кои повеќето Грци, го одбележувале влегувањето на Грција во Втората светска војна во 1940 година.

Кацифас, по потекло Грк, бил роден во Буларат, но од скоро живеел во Атина.

Грчкото министерство за надворешни работи реагираше со соопштение во кое наведе дека е неприфатливо тоа што операцијата резултирала со загуба на човечки живот.

„Чекаме информација од албанските власти за околностите под кои грчкиот државјанин го загуби животот и тогаш ќе ги преземеме неопходните чекори“, се наведува во соопштението.

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, изрази жалење за настанот и за политизирање на случајот во соседната земја.

Во неговата изјава се додава дека албанската полиција детално објаснила дека ова е целосно изолиран настан и флагрантен случај на агресија врз албанската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Кој е Гркот кој што го уби албанската полиција

Видео: ТВ Скај/Фото: Фејсбук/Кацифас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицотакис: Ако грчкиот парламент не го изгласа Договорот од Преспа, преговорите почнуваат од почеток

Редакција

(ВИДЕО) Како на филм: Грчките медиуми објавија снимка од убиство на грчко-австралиски бизнисмен

Редакција

(ВИДЕО) Поранешниот премиерот на Романија, Драгнеа во затвор, Романците го испратија со пцовки

Редакција