еМагазин
Image default
Македонија

Општина Сарај ги ослободи од комунални давачки поранешните војници на ОНА

Сите поранешни војници на Ослободителната народна армија (ОНА), кои се жители на општина Сарај, се ослободени од комуналните давачки на ЈКП „Сарај”, во општина Сарај, одлучил денеска Советот на Општина Сарај, пишува „Тетова сот”.

Одлуката била предизборно ветување на градоначалникот Блерим Беџети.

Општина Сарај ќе формирала комисија за да ги регистрира сите поранешни војници на ОНА и ќе им ја соопштила одлуката дека се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај.

Ваквата одлука за ослободување на поранешни војници на ОНА од давачки за прв пат се реализира во општина Сарај, и со неа, според информацијата на порталот, се почитува „славното националното минато на Албанците во Македонија и се институционализира историското минато на локално ниво”.

Фото: Општина Сарај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

90 деца се лекуваат на Клиниката за детски болести како резултат на постковид компликации

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник“ кој го води Лиле Стефанова од СЈО

Редакција

„И јас сум Моника, апсете ме!„: Протест за затворената активистка за легализација на марихуаната

Редакција