еМагазин
Image default
Балкан

(Фото) Грчки полицаец ја „здрма“ Грција откако на својот Фејсбук профил објави фотографија како се бакнува со момче

Грчкиот полицаец Мајкл Лолис, стана топ тема во Грција, откако на својот Фејсбук профил објави фотографија како се бакнува со момче под грчко знаме, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Неговиот статус во кој пишува „ќе се бакнувам со кого сакам и каде сакам“, предизвика поделени мислења во земјата која се уште е под големо влијание на црквата, посебно за ЛГБТ заедницата.

Лолис е првиот отворен геј во грчката полиција, а работи во секторот кој работи против криминал на расистичка основа.

Иако Грција важи за геј френдли земја, голем број грчки граѓани се против поголеми права за ЛГБТ заедницата.

Дури со доаѓањето на Сириза на власт, во земјата за прв пат се дозволи регистрирано партнерство за геј двојки, иако земјата е повеќе од три децении во ЕУ.

Фото: Фејсбук/Лолис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Узо со вкус на лимон, портокал, цреша и лимон и минт

Редакција

Се затвораат основните училишта и градинките во Грција поради Ковид-19

Редакција

Невакцинираните работници во Грција од септември на свој трошок ќе треба да се тестираат еднаш или двапати неделно

Редакција