еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Промовирана нова униформа за 1.200 млади полициски службеници

Сите помлади полицајци коишто засновале работен однос во полицијата ќе добијат нова униформа, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Се работи за набавка на комплетна униформа за 1.200 полициски службеници, којашто е доставена и поделена до сите сектори за внатрешни работи, изјави Спасовски, кој присуствуваше на промоцијата на новонабавената униформа во СВР Скопје.

Посочи дека Министерството продолжува со проектот „Опремена полиција-безбедни граѓани“ и дека  течат постапките за набавка на униформа за единиците за брзо распоредување и на посебната единица, како и за комплетна спортска опрема, што не се набавени повеќе од 12 години.

– Во тек е набавка на чизми и реконструкција на многу полициски станици затоа што сметаме дека најмногу треба да вложиме во подобрување на условите за работа на полициските службеници. Од 1 декември годинава заедно со Македонскиот полициски синдикат договориме и зголемување на платата на полициските службеници, чии бодови не биле зголемени од 1992 година до денес, изјави Спасовски.

Прашан кои полициски станици се реконструираат, Спасовски рече дека досега се обновени седум, а за три е набавена комплетна опрема.

– Годинава, продолжуваме со реконструкција. Околу еден милион евра имаме во буџетот за реконструкција на станици, што ќе трае и во 2019 година. Врз основа на тоа во каква состојба се наоѓаат, направени се приоритети. Најзагрозен беше објектот во Галате, кој е целосно реконструиран, полициското одделение во Зајас, а привршуваат и работите на полициските станици во Битола, Кичево и Велес. Целосно е реконструирана и полициската станица на Солунска глава и магацините за муниција, изјави Спасовски.

МИА/Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори

Редакција

Во земјава вратени борци на ИСИС, македонски државјани, кои војувале во Сирија и Ирак

Редакција

Историчарот Ѓоргиев: Историјата мора да остане надвор од политичкиот процес меѓу Скопје и Софија

Редакција