еМагазин
Image default
Македонија

Детали од Обвинителството: Девојчето кое се удави било нападнато од куче кога се враќало од училиште

Наредба за обдукција на телото на 17-годишното девојче кое беше пронајдена синоќа во водите на Вардар издаде дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.

Како што соопштува денеска Јавното обвинителство на Република Македонија, според првичните информации, девојчето враќајќи се од училиште, поминувало низ градскиот парк во Гостивар, каде било нападнато од куче. Бегајќи од кучето, таа паднала во надојдените води на реката. Случајни минувачи се обиделе да и помогнат, но не успеале.

Безживотното тело беше пронајдено доцна синоќа околу шест километри низводно по течението на Вардар, во близина на селото Балин Дол.

Идентификацијата на телото ја извршија членови на семејството на сега починатата.

Јавниот обвинител извршил увид и на местото на кое девојката паднала во реката и на местото каде што беше пронајдено нејзиното тело. Бил земен исказ од сведоци со цел да се утврдат точните факти за настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Таравари единствен градоначалник во Македонија кој директно работи на проблемот со кучињата скитници

Твитер-реакции за девојчето кое се удави, бегајќи од куче скитник: За смртта, виновни се институциите

Проблемот со уличните кучиња станува алармантен: Треба ли уште некој да загине, за да се реши

Девојче од Гостиварско се удави во Вардар, бегајќи од куче скитник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само за пожарот во Будинарци, кој се уште не е изгаснат, ангажирани повеќе од 500 лица

Редакција

Груби за одложувањето на дебатата за пописот: Не обезбедивме претставник од ЕУ за Извештајот на ЕК

Редакција

Продолжува собраниската и комисиска дебата за пакетот закони за коридорите 8 и 10д

Редакција