еМагазин
Image default
Македонија

Дорис Пак: Неприфатливо е осумте пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за договорот со Грција да се третираат како криминалци

Дорис Пак, претседател на асцијацијата на жени во Еврпската народна партија (ЕПП), на својот твитер профил синоќа твитна дека ЕПП не смее да го толерира однесувањето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон осумте пратеници кои гласаа за уставните измени, спротивно на ставот на партијата.

„Неприфатливо е осумте пратеници од ВМРО кои гласаа за договорот со Грција и за европска иднина на земјата сега да примаат закани и да се третираат како криминалци. ЕПП тоа не смее да го толерира”, напиша на Пак, по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Хелсински, каде се оддржува Конгресот на ЕПП.

Синоќа во Вевчани се оддржа протест пред домот на пратеникот Крсто Мукоски, еден од осумтемната пратеници кои гласаа за уставните измени. За следните денови најавени се протести и пред домовите на другите двајца пратеници од овој регион, охриѓаните Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

МИА/Фото: Фејбук/Пак

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков со ново писмо до Мицкоски: Хан и Дорис Пак те прочитаа дека си лажен патриот, твојата бламажа е од светски рамки

(ВИДЕО) Од „Македонија блокира“ му ја пееја „Едно име имаме“ на Крсто Мукоски пред неговиот дом

Хан со поддршка за исклучените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Сите закани мора да престанат

Мицкоски му ветил на Хан дека нема да го опструира договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меџити и Алиу нема да поднесат оставки, ќе бидат ли сепак сменети?

Редакција

Бугарија прва даде виза за прием на Македонија во НАТО

Редакција

100 нови случаи на Ковид-19 од 764 тестирања, во Скопје 47

Редакција