Од листингот на Собранието може детално да се види како гласаа пратениците во Собранието вчера за одземањето на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
Како што е познато Собранието не му го одзеде мандатот на Груевски.
„За“ предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на имунитетот гласаа 58 пратеници, а 27 беа против.
Интересен детал во листингот е дека „За“ одземање на мандатот гласал и пратеникот Али Ахмети, лидер на ДУИ, кој ретко е во Собрание, а е поранешен коалиционен партнер на Груевски.
Освен други пратеници од СДСМ и ДУИ, „За„ гласал и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.
35 пратеници пак не биле присутни.
Во галеријата погледнете ја целата листа:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж
Судот во понеделник повторно ќе се обиде да му го достави решението на Груевски
Груевски топ тема во регионалните медиуми: Бившиот премиер на Македонија оди во затвор
Груевски до утрово не се појавил во затворот „Шутка“