Половина час, откако пратеникот Никола Груевски објави дека е во Будимпешта и дека ќе бара политички азил, на неговиот пост на Фејсбук има над 600 коментари, а споделен е над 580 пати.
По Груевски е распишана национална, но не и меѓународна потерница.
Најголем дел од коментарите се со поддршка за Груевски, а Ви пренесуваме дел од нив:
„Види брату побарај и девојчиња не само азил“
„Пеер ај земи ми магнетче коа ќе се враќаш, ако се враќаш де“
„Поддршка претседателе, ќе помине ова лудило да сте живи и здрави, долу хунта!“
„Шефе не се давај издржи…се молам секој ден за тебе,да ни се вратиш уште појак и понеспособен НИ фалиш!!!!“
„Те чекавме во Шутка да те видиме, ти не дојде, не секирај се, тука сме, пак ќе те чекаме во Шутка“
„Дали можеме и ние да стигнеме до Будимпешта само со лична карта?“
„Шефе, јади гулаш, уживај и бери сила“
„Чист воздух има покрај Дунав“
Сите коментари може да ги прочитате под фејсбук-статусот на Никола Груевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски се јави на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил
Фото: Фејсбук/Груевски