На 13.11.2018 година околу 04,00 часот е пријавено дека во бутик лоциран во трговски центар на улица „Јани Лукровски“ во Скопје избувнал пожар, при што бил зафатен и банкоматот кој бил во склоп на бутикот од надворешната страна, информира МВР.
Од страна на противпожарна екипа пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.