Цаци од Богданци се бори со малиген тумор на левата страна од мозокот. Првите симптоми ги забележала минатата есен, но мислела дека е од премореност од многубројните активности, а не сериозна болест.
Откако е дијагностицирана Глиобластома, оперирана е на приватна клиника, а потоа следувале радиотерапија и девет циклуси хемотерапија. Првите резултати биле охрабрувачки, но последните покажале дека туморот се вратил и дека болеста прогресира за помалку од еден месец.
Станува збор за една од најагресивните форми на рак, за што е потребно лекување и третман во специјална болница во Тексас.
Трошоците за било каков третман се проценети на околу 200.000 долари.
БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИ
Телеком: 143 107
VIP: 143 483
МОЖЕТЕ ДА ДОНИРАТЕ И НА:
Славица Тодоровска
20000338160885 Стопанска банка
IBAN
MK07200003381613507 USD
MK072000033816114706EUR
Swift Code Bic Code STOBMK2X