Бруталното малтретирање на шестооделенката во скопската општина Ѓорче Петров е во фокусот на јавноста и на социјалните мрежи.
Вчера од Министерството за внатрешни работи информираа дека за инцидентот кој ја згрози земјава на разговор во полицијата досега биле повикани 14 лица, помеѓу кои и родителите на насилничките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во полиција повикани 14 лица за бруталното насилство врз шестооделенката во Ѓорче Петров
Додека трае истрагата, во меѓувреме медиумите објавуваат нови вознемирувачки детали.
Имено, како што објави порталот 24 инфо, кој се повикува на информации од роднини на деца кои учат во основното училиште каде учи малтретираното девојче, кое сега прима стручна помош, како и на информации од вработени во истото, насилничките малтретирале и други девојчиња од истото училиште.
Според порталот, шестооделенката била најмногу малтретирана.
Насилничките и понатаму одат на училиште, а според вработени таму, тие и понатаму се однесувале безобразно и насилно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ало, имаме сериозен проблем со насилството помеѓу малолетниците!
Фото: Унсплеш












