Барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски со пропратната документација треба да бидат испратени во Унгарија денеска или најдоцна утре, најави денеска министерката за правда, Рената Дескоска.
Покрај документација за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој Груевски е осуден на двегодишна затворска казна, на унгарските власти ќе им бидат доставени документи и за сите обвиненија и истражни постапки што се водат против него.
Министерката смета дека има правен основ за екстрадиција на Груевски и очекува тој да биде екстрадиран. Според неа, нема причина Унгарија да му додели статус на азил и очекува неговото барање да биде одбиено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарско МНР: Ниедна земја на ЕУ не го покрена прашањето за Груевски
Вучиќ отвори нова дилема: Груевски влегол во Албанија легално или нелегално?
Што е пасаван, со кој според Вучиќ, Груевски избега до Унгарија
Српскиот претседател Вучиќ: Еве како побегна Груевски