Ако Унгарија веќе има донесено одлука за азил за осудениот експремиер Никола Груевски, како што утринава објавија унгарски медиуми, тогаш таа е претходно почната уште пред тој да избега од Македонија, велат извори од Министерството за правда за „sdk.mk“.
Процедурата за добивање азил во Унгарија трае од 15 до 60 дена, а Груевски се јави од Будимпешта на 13 ноември, кога преку Фејсбук кажа дека побарал азил од унгарските власти.
Според изворите на „sdk.mk“, во случај да е донесена одлуката, за што сè уште нема официјална потврда, унгарските власти само го чекале Груевски да пристигне во Будимпешта за да ја соопштат одлуката по неговото барање за азил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува во барањето на Министерство за правда за екстрадиција на Никола Груевски
Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски
Унгарско МНР: Груевски сите граници ги премина легално
Фото: ВМРО-ДПМНЕ