Поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој на 2. јули треба да се јави на одлежување на затворската казна во затворот Скопје во Шуто Оризари, денеска најави дека ќе бара одложување, заради здравствени причини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стевчо Јакимовски треба да оди во затвор на 2. јули
Тој е осуден за бесправно градење, а како што кажа денеска оваа бил прв и единствен случај во земјава некој да оди во затвор за дивоградба.
Информираше дека во четвртокот му била врачена поканата за во затвор, но вели дека сѐ уште не му била доставена пресудата, која пред неколку денови ја потврди Апелациониот суд Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што е познато тој е осуден на едногодишна казна затвор, од која му останува уште околу седум месеци, поради времето поминато во куќен притвор.
-Осуден сум на едногодишна затворска казна за поставување времена градба која што служела на граѓаните на Карпош 13 години, која не направила никому штета, туку направила корист за Општина Карпош, повеќе од 1,5 милиони евра, рече тој меѓу друго, подвлекувајќи дека правосилноста на пресудата е за да биде спречен да се кандидира за нов мандат за градоначалник во Општината, бидејќи како што вели, ќе имало нови избори поради боледувањето и отсуството на актуелниот градоначалник, Сотир Лукровски.
Тој е осуден за кривичното дело бесправно градење кое се однесува на бараката во која до лани во септември беше сместена Општина Карпош, во периодот додека се градеше новата општинска зграда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Стевчо Јакимовски ќе се жали пред Врховен за затворската казна која му ја потврди Апелација
Претходно најави и жалба до Врховниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Неделчо Крстевски, кој ќе го заменува градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски
Каков имот пријавил Сотир Лукровски, градоначалникот на Карпош
Кој е Сотир Лукровски, градоначалникот на Општина Карпош
Фото: Јакимовски/Фејсбук












