еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Европска комисија: Унгарија сѐ уште не потврдила дека одобрила азил за Груевски

Европската Комисија истакнува дека унгарските власти за сега не потврдиле дека одобриле азил за поранешниот премиер Никола Груевски, пренесува МИА.

Поради тоа, ЕК сѐ уште не дава различни коментари од оние кои ги дава последните денови, а тоа е дека процесот не треба да се политизира и дека сите треба да ги почитуваат принципите на владеење на правото, и земјите членки и земјите кандидати.

Правилото е дека земјите индивидуално одлучуваат за одобрување азил, но ЕК потсетува и дека после години назадување Македонија остварила “добар прогрес“ во оваа област, што е потврдено од страна на земјите членки во јуни.

Еврокомесарот Јоханес Хан порача дека од Виктор Орбан ќе бара објаснувања доколку извештаите дека е одобрен азил за Груевски бидат потврдени.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјите членки на ЕУ за сега без коментар: Хан ќе бара објаснувања од Орбан за азилот на Груевски

Унгарска Влада: Не го даваме Груевски

Голем пораз или заговор: Владата, ЕУ и САД им должат одговори на граѓаните за азилот на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По два месеци пауза, од вторник рудниците Бучим и Боров Дол повторно почнуваат со производството

Редакција

Струмичкиот карневал ќе се одржи на 25 февруари

Редакција

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ за струјата: Ќе се блокираат улиците пред Регулаторната комисија

Редакција