Само за поправка на крововите на училиште и градинка во Штип по невремето ќе треба 1 милион денари, штетата на кровот на болницата се уште не е проценета

Невремето во Штип, каде пред неколку денови имаше ветер од 134 километри на час предизвика штета на кровните конструкции на основното училиште „Ванче Прќе“ и на градинката „Вера Циривири-Трена“.

За да се поправат истите ќе треба околу 1 милион денари, информираа од Општина Штип.

Невремето на 21. јули предизвика и штета на кровот на Клиничката болница во Штип, каде се погодени Одделот за ортопедија и ортопедската сала. За оваа штета се уште нема проценка колку ќе чини санацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

33 повредени лица во невремето во Скопје, оштетена кровна конструкција на ГОБ „8 Септември“ и кровот на Клиничката болница во Штип

До санирање на штетата, пациентите со скршеници од Источниот регион привремено се упатуваат во други центри, за да добијат соодветен третман без одлагање. Хоспитализираните пациенти се преместени во безбедниот дел од болницата. Останатите медицински услуги функционираат нормално, бидејќи болницата располага со други операциони сали.

За пријавите пак на граѓаните кои се однесуваат на оштетени кровови, возила и други штети, пресметката ќе се знае откако комисија ќе излезе на терен и ќе изврши проценка. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Големо невреме го погоди и Штип

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести