Бројот на заразени со западно-нилска треска се зголеми на 11: Како да се заштите од болести кои се пренесуваат преку комарци

Бројот на заразени со западно-нилска треска во Македонија се зголеми на 11.

Осум од овие случаи се регистрирани месецов, а едно од лицата кое се лекува на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, е во тешка состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три нови случаи на западно-нилска треска во Македонија, годинава вкупно 11

Онаа што треба да се потенцира е дека освен на патување во Грција, од овие случаи има и лица кои се заразиле, а не патувале надвор од Македонија. Живеат на подрачјето на Скопско поле.

Едно лице е од Велес, другите се од скопско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови случаи на Западно-нилската треска во Македонија

Западно-нилската треска се пренесува од комарци. Не се пренесува од човек на човек.

Како да се заштите

Институтот за јавно здравје излезе со мерки како да се од болести кои се пренесуваат преку комарци:

Не оставајте отворени буриња, канти, пловни објекти (чамци, кануа) и стари гуми по дворовите во кои може да се собира дождовница.

Редовно чистете ги олуците за да се овозможи истекување на водата.

Одржувајте ги чисти базените за капење, украсни базени, фонтани.

Не создавајте бари (застоени води) по дворовите.

Намалете ја можноста да бидете изложени на убоди од комарци: користете миризливи свеќи, спирали, како заштитни репелентни средства додека престојувате во надворешни услови (градина, двор), користете специјални сијалици, фенери (спржување на комарците), апаратчиња кои со звук ги одбиваат комарците.

Поставете заштитни мрежи на вратите и прозорците во домот.

Одбегнувајте излегување и престој надвор во зори или на самрак, кога комарците се најактивни.

Носете соодветна облека, најдобро во светли бои, која ќе остава што помалку откриени делови од телото/кожата (долги ракави, долги панталони, чорапи, шапки…).

Применувајте заштитни средства (репеленти) во облик на лосион, стик, аеросол-спреј или крем за кожата и за облеката, кои ги одбиваат комарците.

Не употребувајте средства за заштита на посекотини, отворени рани, под облека, околу очи и уста, на дланките! Внимание кај мали деца.

Патниците кои патуваат/престојуваат во земји или предели каде се евидентираат болести кои се пренесуваат со комарци, задолжително да употребуваат репеленти за време на престојот, а прозорците и креветите за спиење да се затворени со заштитни мрежи, импрегнирани со адекватен инсектицид.

По враќањето дома, овие лица да бидат свесни за можното нивно заразување додека престојувале во такви предели, и да ја следат својата здравствена состојба. Доколку се појават симптоми на заболување, веднаш да побараат лекарска помош и да го известат докторот за скорешниот престој во предели каде што егзистираат болести кои се пренесуваат со комарци. Раното дијагностицирање и навремен третман, можат да спречат појава на тешка форма на болест, која може да заврши со сериозно нарушување на здравјето и тешки последици или смртен завршеток.

Институтот за јавно здравје располага со реагенси за тестирање на хумани материјали за присуство на вирусот на западно-нилска треска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска

Западно-нилска треска регистрирана кај 55-годишник од Велес

Маларија, денга, зика и западно-нилска треска: Под засилена опсервација четири заболувања во Македонија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести