Српскиот весник Блиц објави дека македонскиот премиер Зоран Заев му понудил на лидерот на опозициската Либерално демократска партија на Србија, Чедомир Јовановиќ функција на советник во својата влада.
Блиц повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека на Јовановиќ му било понудено местото советник за регионални односи и европска интеграција и дека тој се уште не одговорил на понудата на Заев.
Весникот пишува и дека тој на Заев му понудил создавање на регионална коалиција за мир во која покрај Србија и Македонија би влегле и претставници на Босна и Херцеговина и Црна Гора и „која би ја терала европската приказна и договорот на Белград со Албанците“.
Заев веќе има тројца советници од Србија: Зоран Башановиќ – надворешен соработник за економски прашања, Александар Обрадовиќ – надворешен советник за економски прашања за соработка на Република Македонија со земјите од регионот и Љубомир Шубара – надворешен соработник за финансии, банкарство и инвестиции.
Башовиќ зема плата од 1.500 евра, а Обрадовиќ и Шубара имаат плати од по 1.200 евра.
Фото: Фејсбук/Чедомир Јовановиќ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Листата на советници на премиерот Зоран Заев се зголемува на 40 лица
Ќе вработи ли премиерот Зоран Заев советник за бегства на осудени екс-премиери?