еМагазин
Image default
Македонија

Грчки европратеник бара одговори од Могерини за азилот на Груевски

Дали ќе се побараат одговори од Унгарија за дадениот азил на Груевски, а доколку ставот на Будимпешта покренува прашања, кои чекори ќе се преземат за земја членка на унијата да не го попречува функционирањето на правдата во земја кандидат, се прашањата кои европратеникот од СИРИЗА, Стелиос Кулоглу ги достави до високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, во врска со одобрениот азил од Унгарија за поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.

-Се разгледува можноста да се побараат објаснувања од Унгарија за причината поради која му даде политички азил на господинот Груевски? Дали позицијата на Унгарија покренува прашања, а доколку е така, кои се следните чекори што планирате да ги преземете со цел да не може држава- членка да ја попречува работата на правдата во земја кандидат за членство?, се прашањата кои Кулоглу ги поставува до Могерини.

Европратеникот од СИРИЗА, потенцира дека владеењето на правото е фундаментална вредност и за земјите членки и за земјите кандидати за членство и додава дека „премиерот Виктор Орбан и покрај одлуките на ЕУ, не прима баратели на азил“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Ова, очигледно не важеше во случајот на господинот Груевски, кој е осуден за сериозен криминал. Владеењето на правото останува фундаментална вредност како и за државите членки, така и за кандидатите за членство. Унгарија ја поддржува интеграцијата на ПЈРМ во ЕУ, но како што се чини, не смета дека земјата е безбедна, давајќи му азил на Груевски, пишува Кулоглу во дописот со прашањата до Могерини.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10 дена молк од македонските институции за скандалозното бегство на Груевски

Алсат М со детали како избегал од Македонија: Два дена пред бегството Груевски се поздравил со роднини и соработници

Колку е богат пријателот на Груевски, Виктор Орбан

Што знаеме до сега за бегството на азилантот Груевски

По бегството на Груевски и добивањето азил: Ќе стане ли Унгарија нова пречка за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ треба да функционираат нормално, вели бугарскиот министер Милков

Редакција

Зеќир Рачмиловиќ: Гласав „за„, за да Македонија излезе од криза

Редакција

МВР изрече 785 прекршоци за неносење маска во изминатото деноноќие

Редакција