еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Власта ја прикрива својата неспособност со обвинување на нашите соседи и партнери за бегството на Груевски

Од ВМРО ДПМНЕ реагираат на изјавата на премиерот Зоран Заев, во која тој прашува како четири земји, наши пријатели, го дозволиле бегството на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.

Во соопштението на ВМРО ДПМНЕ, ниту еднаш не се спомнува името на нивниот почесен претседател, Груевски:

“Зоран Заев  ја прикрива својата неспособност и аматеризам со обвинување и расправање со соседите и нашите партнери. Црнилото во кое државата е завиена од страна на власта пропратено со политички прогон е главниот виновник за се негативно што и се случува на државата.

Обвинувањето на наши стратешки партнери како НАТО и нашите соседи со кои имаме одлична соработка како држава за сопствената неспособност е чист дилетантизам и не и оди во прилог на Република Македонија, туку ја продлабочува дупката  во која е западната државата, поради Заев и црната власт.

Република Македонија е држава во која под власт на црниот СДСМ владее насилието, а владеењето на правото е непознат поим. Правната држава е деградирана, а институциите се користат за политички прогон, ова е пропуст на власта и Зоран Заев лично.

Политичкиот прогон кој се спроведува под покровителство на СДСМ не е демократска вредност. Нашите стратешки партнери не треба да бидат средство за перење на грешките на Заев и картелот околу него.

Црнилото во кое е втурната Република Македонија е токму заради Заев кој за ситни политички поени е спремен да ги наруши стратешките интереси на државата само за да остане на власт.

НАТО е стратешки партнер на Република Македонија и организација кон која се стремиме, таа не е и не може да биде оправдување за нечии пропусти и аматеризам. Република Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија се наши земји пријатели и тие исто така не се виновни за неспособноста  на Заев и црниот СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев прашува како четири земји, три од нив членки на НАТО и наши пријатели, го дозволиле бегството на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бројот на Бугари во Македонија се дуплирал и е највисок откако се попишува населението

Редакција

Филипче: Порастот на бројот на новозаболени од Ковид-19 се должи на непочитување на мерките

Редакција

Македонската армија доби 13 милиони евра помош од Советот на ЕУ

Редакција