еМагазин
Image default
Бизнис

Усвоени законските измени: Рударите наместо на 58 ќе се пензионираат на околу 50 години

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Применета на овие измени ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во Службен весник.

„Министерството за труд и социјална политика преку Владата изготви законско решение со кое рударите ќе можат да заминат во старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако сега рудар се пензионира со навршени 58 години, по ново ќе се пензионира на околу 50 години. Со овие законски измени се излегува во пресерет на долгогодишните барања на рударите и исправаме една голема неправда“, информираат од Министерство за труд и социјалнат политика.

Со измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се овозможува на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.

Во делот на бенефицираниот стаж, МТСП подготви анализа со поддршка на Светска банка, а ќе се прави и ревизија на сите работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје нема да дели дивиденда

Редакција

НЛБ Банка предупредува: Непознати лица испраќаат лажни е-маил пораки

Редакција

Не гледам дека има некоја пречка за плаќање на рускиот гас во рубљи, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција