еМагазин
Image default
Македонија

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се оградува од изјавата на Јанчев за уставните измени

Општинскиот комитет (ОК) на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се оградува од изјавите на градоначалникот Митко Јанчев и најостро ги осудува неговите активности во делот на обезбедување на двотретинско мнозинство за уставни измени и за спроведување на штетниот, капитулански и асиметричен договор со нашиот јужен сосед, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

“ОК на ВМРО-ДПМНЕ ги почитува одлуките на партиските органи и нивниот јасно изразен став за не менување на Уставот со цел промена на уставното име.

Истовремено го потсетуваме градоначалникот дека тој мора да ја почитува волјата на мнозинството граѓани, кои недвосмислено на 30-ти септември го искажаа својот став и застанаа против промена на Уставот, а со тоа и промена на уставното име.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ целосно го поддржува претседателот Христијан Мицкоски во неговите напори за евроатланска интеграција на Македонија и влез во овие структури под уставното име.

Го повикуваме градоначалникот Јанчев утре да се приклучи на протестот, заедно со неговите соборци од локалните избори, со луѓето кои стоеја рамо до рамо со него, кога оваа инсталирана хунта на власт го апсеше како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавно го прашуваме градоначалникот, кои се опструкциите што ги прави претседателот Христијан Мицкоски и во која насока е неговата „конструктивност“ заедно со поранешниот министер Никола Тодоров?

Доколку се повикувате на транспарентност во носењето на уставните амандамани, од каде ви е потребата да се договарате со фамилијата Заеви во хотел, далеку од очите на јавноста?

И за крај сакаме да го прашаме Митко, дали се консултира со граѓаните кои и покрај големите притисоци од страна на неговиот сегашен пријател, аболицираниот криминалец Заев, го дадоа својот глас за него како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

После овие постапки на градоначалникот, Општинскиот комитет во наредниот период ќе направи темелни анализи, и ќе донесе соодветни одлуки за делувањето на партијата на локално ниво“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанчев за средбата со Заев: Ветивме поддршка против опструкциите за уставните измени

Заев пиел кафе со Никола Тодоров и Митко Јанчев во Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховен суд до Антикорупциска: Судиите секогаш се изземаат во постапки во кои постојат причини

Редакција

Поранешниот премиер топ тема во регионални медиуми: „Каде се крие Груевски?“

Редакција

Воспоставени дипломатски односи со Република Кипар

Редакција