еМагазин
Image default
Македонија

Грчкиот претседател Павлопулос со порака до Заев: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа

Пред ратификацијата и во пресрет на дефинирањето, нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа, порача претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, на средбата со неговиот словенечки колега, Борут Пахор, јави дописничката на МИА од Атина.

Павлопулос ги коментираше, како што рече „неодамнешните изјави на функционери од поранешната југословенска Република Македонија“.

-Не сме подготвени во пресрет на дефинирањето и пред неговата ратификација да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа кои што се своеволни и уште повеќе кога тие зрачат иредентизам. Потребна е голема внимателност од страна на соседната земја во целиот тект, бидејќи уште ништо не е завршено. Тоа е јасно од наша страна и ќе кажам уште еднаш, како што велиме ние Грците, чистата сметка, парави добри пријатели, рече Павлопулос, пренесе МИА.

-Грчкиот претседател ги повтори и неговите позиции поврзани со трите грчки т.н. национални прашања, а меѓу нив и спорот со името и Договорот од Преспа, додека пак претседателот на Словенија го спомена Западен Балкан.

Словенечкиот претседател, Борут Пахор, на покана на неговиот грчки колега, од денеска е во дводневна официјална посета на Грција.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради „контрверзната„ изјава на Заев, Мицотакис ги повика партиите и пратениците да гласаат против Договорот од Преспа

Грција го отворила прашањето за „контраверзната“ изјава на Заев за “јазикот и македонското малцинство“ со Столтенберг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени четворица од Ковид-19

Редакција

И Беќир Асани повика да се излезе на референдумот за името и да се гласа „ЗА„

Редакција

51 се реинфекции: 370 нови случаи на Ковид-19 од 3.148 тестови

Редакција