еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лавров: Уставните измени во Македонија наметнати со уценување, поткуп на пратеници и вмешаност на странски дипломати

Со уцени и поткуп на пратеници, со директна вмешаност на странски дипломати, беа наметнати уставните измени, вели министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“.

Говорејќи за ситуацијата на Балканот, шефот на руската дипломатија ја споменува и Македонија и Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Лавров вели дека е „очигледна големата и континуирана интервенција на НАТО и ЕУ во внатрешните работи на Македонија.

-Референдумот, како што е познато, не успеа. Во оваа ситуација во Собранието, на 19-ти октомври, со уценување и поткуп на пратеници беа наметнати уставни измени, со директна вмешаност на странски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на САД што е таму. Сега се прават интензивни напори за процесот да добие конечен облик на почетокот на 2019 година. Вреди да се спомене фактот дека ваквото брзање ѝ служи на единствената цел на Вашингтон за итно вклучување на Скопје во НАТО, вели Лавров и додава дека за европската интеграција, „консултациите со Брисел, како што говори искуството, може да траат и неколку децении“.

Во однос на регионот, министерот за надворешни работи на Русија вели дека ситуацијата на Балканот предизвикува загриженост, бидејќи НАТО и ЕУ им поставуваат дилема на земјите.

– Упорно ги ставаат земјите пред една погрешна дилема: да бидат или со Москва, или со Вашингтон и Брисел. Таквите постапки водат кон дополнителна дестабилизација на безбедносната архитектура на Европа, ја зголемуваат тензијата, исцртуваат нови линии на поделба, коментира Лавров во интервјуто за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 136 случаи на Ковид-19, во Скопје 80

Редакција

(ВИДЕО) Хип-хоп шоу на Super Bowl: Одличен настап на Др. Дре, Мери Џеј Блајџ, Еминем, Снуп Дог…

Редакција

На „црната листа“ на САД може да се најдат и актуелни функционери, вели Пендаровски

Редакција