еМагазин
Image default
Балкан

Грција: Движењето на промена нема да гласа за Договорот од Преспа

Кога и да дојде Договорот од Преспа во парламентот, Движењето на промена нема да гласа за, бидејќи смета дека не ги гарантира националните интереси, вели портпаролот на партијата, Павлос Христидис во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.

Тој додава дека тие имале јасен став уште од прв момент, не отфрлиле никаков договор пред да го видат, јави дописничката на МИА од Атина.

-Фофи Генимата беше таа која во парламентот ги покрена прашањата против договорот за Илинденска Македонија, што беше олицетворение на иредентизмот, онака како што го донесе Ципрас. И потоа, секако откако го видовме Договорот од Преспа излеговме со став за прашањата поврзани со идентитетот и јазикот.

Она што сакам да го кажам до сите што не следат, е дека кога и да дојде овој договор во парламентот, Движење на промена нема да гласа за, бидејќи смета дека не е договор што ги гарантира националните интерес и сега и во иднина, за следните генерации, вели Христидис, портпаролот на Движење на промена, коалицијата во која што се ПАСОК, Демократска левица и Движењето на демократски социјалисти.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчкиот остров Миконос од денеска без музика и со полициски час

Редакција

Во Албанија ќе се носат маски и на отворено, казната за неносење ќе се внесуваат во сметките за струја

Редакција

Непознатиот хепатитис кој ги напаѓа децата регистриран и во Грција

Редакција