Во пријатен и свечен амбиент, на 12 декември, на добро познатата улицa Боемска 2 беше отворен ресторанот„Лантерн“, ново место каде што скопјани ќе имаат можност да уживаат во одлична традиционална и интернационална кујна и во исклучително пријатна атмосфера.
Низ дружење со пријателите, скопски ликови и јавни личности во одличен амбиент и пријатна музика свечено беше отворен ресторанот „Лантерн“ во срцето на градот – Дебар Маало. За време на отворањето, гостите имаа можност да го запознаат ресторанот одблизу, да ја почувствуваат атмосферата и амбиентот и да уживаат во вкусните специјалитетишто ги нуди ресторанот„Лантерн“.
На менито на новиот ресторан ќе има традиционални специјалитети, скара и морска храна, зачинета со звуците на добро избрана музика. За храната ќе бидат задолжени најдобрите шефови, кои со нетрпение Ве очекуваат да ви ги подготват новите специјалитети.
Погледнете ја фотогалеријата и видете дел од атмосферата од отворањето на ресторанот: