еМагазин
Image default
Македонија

Пировска за Законот за амнестија: „Ќе си лежите! Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија“

Со реакција за Законот за амнестија на својот Фејсбук профил се јави и Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

„’Ќе си лежите!’ Кој ќе лежи? Типот што украде ќебапчиња! Јустиција не живее во Македонија. Во Македонија живеат луѓе што се помирија дека ќе живеат во неправда, но во мир?

Не може да има мир без правда! Тоа беше и ќе остане мојот spiritus movens во сите битки за општество што треба да обезбеди достоинствен живот на граѓаните.

Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да оди во практикувањето на својата моќ.

Сега, освен што треба да си направиме масовно харакири, треба да разбереме дека и во услови на режим многу внимателно треба да се избираат сојузниците во борбата за слобода. И, така, борбата продолжува!“, напиша Пировска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денот кога селективната амнестија стана европска вредност

Твитер „полуде“ за Законот за амнестија: „Господа од СДСМ објавете јавно дека сте во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“

Можно ли е Законот за амнестија да падне на Уставен суд?

Фото: Фејсбук/Пировска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанша му кажал на Мицкоски дека нон пејпер креирале Заев, Фајон и Пицула

Редакција

Починаа 16 лица од Ковид-19, најмладиот на 40-годишна возраст

Редакција

Владата побарала од функционерите и советниците писмена гаранција за етичко однесување

Редакција