еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Бушамауи, Цановски и Ружин кај Ципрас за да го информираат за номинацијата за Нобелова награда за мир

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, Уидидед Бушамауи, ректорот на универзитетот ФО, Нано Ружин и сопственикот на универзитетот, Сефер Цаноски, во Атина се сретнаа со грчкиот премиер Алексис Ципрас, за да го информираат за номинацијата за Нобелова награда за мир

Македонскиот премиер Зоран Заев и Ципрас се номинирани за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа.

“Денеска во Атина, имавме можност да се сретнеме со премиерот на Република Грција, почитуваниот г-дин Алексис Ципрас.

Го информиравме за нашата иницијатива каде тој со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019 година од страна на Видед Бушамауи, добитник на Нобелова награда за мир во 2015 година.

Историскиот преспански договор, но и самите тие како лидери на новото време кои имаа храброст и визија да излезат од стереотипните политики кои со децении се водеа наназад, со една единствена цел да градиме нормални, добрососедски и пријателски односи.

Начинот на кој решија во принцип тежок идентитетски спор, со дипломатски средства, е посебен успех кој како пример и модел ќе се користи убеден сум во регионот и пошироко. Вакви идентитетски конфликти се најтешки за решавање и често остануваат “замрзнати конфликти” – сакам да нагласам, тоа е посебен успех.

Затоа, и двајцата, г-дин Ципрас и г-дин Заев заслужуваат да бидат и да бидат новите лауреати и добитници на Нобелова награда за мир за 2019 година“, напиша Цановски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Ципрас номинирани за Нобелова награда за мир

Фото: Фејсбук/Цановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 115 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Штип

Редакција

Дисциплинска постапка за шест полицајци за пропустот со свадбената поворка со Гаши на Блаце

Редакција

Нема да има извештај, ниту гласање за реализација на Договорот, но Бугарија може да се повика на нешто друго, вели Османи

Редакција