еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Галерија) Хилтон и официјално влегува во Македонија: Наскоро се отвара хотелот Double Tree by Hilton

Наскоро во Скопје, во општинатата Аеродром ќе биде отворен првиот хотел со пет ѕвезди, Double Tree by Hilton, на светски познатиот бренд „Хилтон“, дознава еМагазин.

Станува збор за франшиза на „Хилтон“ со „Стоун бриџ хотел“ на бизнисменот Ајдован Адемовски.

Според претходните најави инвестицијата за хотелот, лоциран покрај кејот на реката Вардар во близина на мостот „Близнак“, изнесува 30 милиони евра.

Хотелскиот објект, ќе се простира на површина од околу 25.000 метри квадратни и ќе содржи 170 соби, четири конференциски сали, спа-центар од 2.000 метри квадратни, бизнис центар и центар за здравје и голем број други содржини.

Фото: Double Tree by Hilton/Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сериозна владина корупција и насилство врз новинари: Извештај на Стејт департментот за човековите права во Македонија

Редакција

За секој предлог од ЕУ во врска со Македонија, ќе треба да се произнесе бугарското Собрание, најави Петков

Редакција

Од воведувањето на новите протоколи, имавме само две дојави за бомби, вели Спасовски

Редакција